ФОТО | Ченинг Тејтум и Зои Кравиц се верени: Актерката го покажа големиот дијамантски прстен

Фото: EPA

Еден од најубавите парови во Холивуд, Ченинг Тејтум и Зои Кравиц наскоро ќе го изговорат судбоносното „да“. Како што потврдија извори за „Пипл“, актерите неодамна се вериле.

За време на изминатиот викенд, ѕвездите беа присутни на тематска забава за Ноќта на вештерките. Кравиц, која се појави како бебето од култниот хорор филм „Бебето на Розмари“ („Rosemary’s Baby“) од 1968 година, го покажа големиот дијамантски прстен.


Актерката првпат проговори за врската со Тејтум во разговор за „Џеј-кју“ во 2022 година, каде изјави дека тој е „прекрасен човек“.

„Тој многу ме смее. И двајцата сакаме уметност и зборуваме за уметност. На пр. сакаме да гледаме филмови и да дискутираме за тоа среде филм“, изјави таа.

Двете ѕвезди се запознаа за време на кастингот на претстојното режисерско деби на Кравиц, „Pussy Island“.

„Toj навистина беше мојот заштитник (на снимањето) и беше навистина прекрасно и слатко“, сподели Кравиц.

Ченинг Тејтум, Зои Кравиц, Фото: Инстаграм-принтскрин

Таа додаде: „Мислам дека ако можете да направите нешто такво заедно, тоа е добар тест. И излеговме уште посилни“.

Нивната врска ја потврди извор за „Пипл“ во 2021 година.

„Нивните кариери се голем фокус и тие ја делат оваа страст. Кога не работат, тие се многу смирени. Уживаат во мирни вечери со пријателите, но најчесто се дружат дома“, изјави изворот.

„Ченинг е сериозен во врска со Зои. Тоа не е ‘лабава’ врска. Тие се ексклузивни долго време“, додаде изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот