ФОТО | Британската дива страда од сезонска депресија, ѝ помага престојот во сончевата Калифорнија

Фото: Инстаграм/„Холивуд репортер“/Рувен Афанадор

Во интервју за „Холивуд репортер“, британската поп-пејачка Адел изјави дека најверојатно ќе остане во Лос Анџелес бидејќи сончевото време ѝ помага да ја избегне сезонската депресија, пренесе „Гардијан“.

Пејачката, која е родена и израсната во Тотенхем, северен Лондон, рече дека сончевото време во калифорнискиот град, каде што живее од 2016 година, а минатата година купи вила од 58 милиони долари, е добро за неа.

„Јас страдам од сезонска депресија, така што времето овде е добро за мене, што понекогаш е чудно бидејќи сум Британка“, рече Адел.

Фото: Инстаграм/„Холивуд репортер“

Адел истакна дека ужива да живее во Лос Анџелес, град кој во просек има околу 263 сончеви денови годишно.

Сепак, таа призна дека ѝ е емотивна изведбата на нејзината дебитантска песна „Hometown Glory“, која ја напиша во чест на Лондон. Пејачката додаде дека ѝ недостига британската престолнина, но оној Лондон од минатото.

„Се сеќавам како да беше вчера кога ја напишав таа песна… И мислам дека сите не знаат, но ја напишав ден по моето прво учество на протест (против војната во Ирак во 2003 година)“, додаде Адел, која на почетокот од годинава потврди дека се омажила за американскиот спортски агент Рич Пол.

Фото: Инстаграм/„Холивуд репортер“

Сезонската депресија или сезонското афективно растројство е вид на депресија која доаѓа и заминува по сезонски модел, а почесто се јавува во зима. Симптомите вклучуваат постојано лошо расположение, екстремен замор и повлекување од социјалните активности, пишува „Гардијан“.

Совети од м-р Тиана Ивановска, психолог: Празниците често се тригер за тага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот