ФОТО | Били Ајлиш до „хејтерите“: Идиоти, не се продадов, туку сакам да изгледам како вистинска жена

Били Ајлиш во 2023 и 2020 година / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE/VICKIE FLORES

Американската пејачка Били Ајлиш, која важи за најуспешна поп-ѕвезда од новата генерација, им возврати на оние кои ја критикуваат поради нејзината неодамнешна промена во стилот. Според нив, пејачката се „продала“ поради тоа што сега изгледа многу поженствено од почетоците на нејзината музичка кариера.

Во сега веќе избришаните стории на Инстаграм, кои Ајлиш ги сподели за време на викендот, таа им се обрати на „идиотите“ кои постојано имаат потреба да го коментираат нејзиниот стил, повикувајќи ги да „остават жените на раат“, пренесе „Пејџ сикс“.

„Во првите пет години од мојата кариера, јас бев критикувана затоа што се облекував како момче. Постојано ми велеа дека ќе бидам позгодна ако се однесувам и ако се облекувам како жена“, напишала Ајлиш.

„А сега кога се чувствувам доволно удобно за да носам што било женствено или што ми прилега – јас сум се променила и сум се продала“, додала пејачката во следната сторија на Инстаграм.

Били Ајлиш во 2019 година / Фото: EPA-EFE/URS FLUEELER

Нејзините обожаватели се повеќе од свесни за развојот на нејзиниот моден израз – од широка облека и шарена коса, до женствена и гламурозна модна комбинација на црвениот тепих на годинашната Мет гала.

„Искрено? Го сакав нејзиниот претходен стил. Навистина беше кул да се види позната и популарна девојка со тој момчешки стил. Но, сметам дека е премногу да ја нарекувате ‘продадена’ само затоа што веќе не се облекува така“, напиша еден обожавател на Твитер.

„Веројатно, треба да се спомене и причината поради која таа се облекуваше како момче. Таа само сакаше да го сокрие своето тело од перверзните мажи додека беше малолетна“, напиша друг обожавател.

Били Ајлиш на годинашната Мет гала / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот