ФОТО | Безобразлук до бескрај – повторно „никна“ нова дива депонија кај Железничка
На булеварот спроти Железничката станица, локација каде што досега неколку пати се создаваа диви депонии и ѓубришта, а по објавите на „Слободен печат“ дејствуваа комуналните служби од Градот и камиончиња од Општина Аеродром, утринава повторно граѓаните од зградите во непосредна близина од ова место се соочија со, за жал, веќе редовен проблем – дива депонија среде тротоар која ја блокира и зелената површина.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

ФОТО | Нова минидепонија близу Железничка – двоседи, веце школка, искршени контејнери…
Казанчиња, веце школки, пластични столчиња, цел сет автомобилски гуми, мебел и уметнички слики беа дел од „асортиманот“ со кој располага најновата мини-депонија во централното подрачје на главниот град.

Досега, ова е веќе шести или седми пат како несовесните граѓани ја користат оваа локација како јавен контејнер, и без никаква грижа депонираат огромни количини отпад на пешачкиот тротоар и зелената површина зад него, узурпирајќи го просторот за пешаците.
ФОТО | Фатени на дело – двајца мажи среде бел ден депонираа стар мебел на тротоар во Аеродром



