ФОТО | Алачки му честита именден на синот Благоја: Здрав и жив да си, благословен од Бога

Семејство Алачки, Фото: Фејсбук

Празникот Благовец е многу значаен во христијанската традиција и е ден на кој ги прославуваме мајките и тие нас. По повод празникот, пејачката и водителка на кулинарската емисија „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки на својот фесбук-профил сподели фотографија од синот Благоја за му го честита именденот и напиша:

„Денес е Благовештение, Благовец, именден на мојот син Благоја. Да ти е вечно името, здрав и жив да си, благословен од Бога, нека е за многу години!!!  I’m proud of you“.

Таа, покрај честитката за синот, го објасни и значењето на денешниот празник

„Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне…

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица итн.

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата ѝ благодарат на мајката, ја гушкаат и ѝ даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви!“, напиша Адријана во искрената честитка.

ФОТО | Елена Велевска ужива во Дубаи: Пејачката ја покажа сета раскош

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот