ФОТО: Активисти се собраа за спас на најчистата река во Македонија: Дошница не ја даваме!
Активисти ширум земјава се собраа на блокада на местото Смрдлива Вода за спас на реката Дошница на планината Кожув.
Препорачано

Тие уште вчера ја најавија блокадата на патот, со цел да спречат изградба на мали хидроцентрали и претворање на најчистата река во земјава во пустина.
„Сакаат да направат пустина од Дошница, најчистата река во Македонија – нема да дозволиме! Во недопрената природа на Кожуф планина, над Смрдлива Вода, Гевгелија, сакаат да градат две мали хидроцентрали“ порачаа вчера од иницијативата.
Блокада, како што беше најавено, ќе има секој ден, од 6 до 18 часот, а главниот протест е закажан за в недела (29 јуни) од 11 часот, токму на Смрдлива Вода. Апелираат сите кампери да си донесат опрема за кампување.
View this post on Instagram
Тие предупредуваат дека хидроцентралите се на територија на Општина Кавадарци, но дека ова значи уништување и загрозување на живиот свет и водата во Демир Капија, Гевгелија, Неготино, Росоман и Кавадарци и околните села, бидејќи, како што посочуваат, сите пиеме вода од истата планина.


