ФОТО | Актерки во шестата деценија на наградите „Златен глобус“: Кетрин Зета Џонс, Селма Хајек и Џејми Ли Кертис покажаа што е стил и елеганција

Profimedia
Profimedia

Престижните награди „Златен глобус“ се одржаа синоќа во хотелот „Beverly Hilton“, а 78-то доделување беше без публика поради пандемијата на коронавирусот

Имено, славните актери и брачната двојка Кетрин Зета – Зета и Мајкл Даглас добија чест да доделат една од најпрестижните награди, за најдобар драмски филм, кој на крајот му припадна на филмот „Nomadland“ на режисерката Клои Џао.

Profimedia
Profimedia

Убавата 51-годишна велшанка со својот изглед го фрли во втор план својот 76-годишен сопруг Мајкл Кетрин блесна во долг црн фустан од модната куќа „Dolce & Gabbana“ со многу висок шлиц.

Со нејзината креација многумина ги потсети на изгледот на Анџелина Џоли од Оскарите во 2012 година. Анџелина на таа награда носеше многу едноставен црн фустан од кадифе од модната куќа „Versace“, но главен адут на фустанот беше високиот шлиц и нејзината нога, кои веднаш станаа вирален хит.

Profimedia
Profimedia

„Таа е убава, но сепак е само копија од фустанот на Анџелина“, гласи еден од коментарите на Инстаграм.

Номинираните претежно беа во своите домови, а водителите Тина Феј и Ејми Полер прошетаа по црвениот тепих и сцената.

Меѓу актерите кои присуствуваа на доделувањето на наградите беше и актерката Селма Хајек (54).

Славната 54-годишна актерка носеше прекрасен фустан на модната куќа „Aleksander Mekkvin“ во светло црвена нијанса за доделувањето на наградите. Огнениот фустан го надополни со накит од ценетата американска компанија „Harry Winston“.

Profimedia
Profimedia

Убава, „гори“ на 55 години, беше само еден од бројните коментари на Твитер.

Profimedia
Profimedia

Актерката Џејми Ли Кертис зрачеше во светло жолт фустан со длабоко деколте.

Profimedia
Profimedia

Косата не и беше боена, а за таа тема и јавно проговори дека нема повеќе да нанесува хемикалии по цена за убавината. Таа е среќна со нејзината природна боја на коса.

Profimedia
Profimedia

Дамите во шестата деценија од живото покажаа што е стил и елеганција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот