ФОТО | 35 години оваа куќа ја чувала поранешната жена на Доналд Трамп: Еве како изгледа новата резиденција на Меланија Трамп!

Фото: Профимедиа

Вистински достојна замена за Белата куќа… „Мар-а-Лаго“, луксузното одморалиште во Палм Бич, е новата резиденција на семејството Трамп, откако тие ја напуштија засекогаш Белата куќа.

Доналд Трамп „Мар-а-Лаго“ ја купил одамна во 1985 година, па управувањето со неа и го доверил на својата тогашна сопруга Ивана.

Големиот имот со соседното земјиште сега има статус на приватен клуб, што како што вели заедницата, ја ограничува должината на престојот на Трамп на 3 недели годишно.

Но правните лица на трамп го демантираа тоа, наведувајќи дека:

„Не постои документ или договор кој му забранува на поранешниот претседател Трамп „Мар-а-Лаго“ да ја користи како своја резиденција“, изјави портпаролот на деловната организација на Трамп.

Соседите во Палм Бич се револтирани од доаѓањето на семејството Трамп и сите се надеваат дека тие нема долго да се задржат во споменатата резиденција.

Семејстовто Трамп најави дека оваа нивна резиденција ќе ја користат за живот во поголем дел од годината, а за време на летото поради превисоките температури, ќе се преселуваат во некоја нивна друга недвижнина.

Како изгледа целата резиденција, погледнете на следните фотографии:

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот