ФОТО | 18 години во брак и 80 неверства: Латино заводникот објави дека се разведува од убавата актерка

Фото: Инстаграм

Актерот Вилијам Леви објави дека се разведува од сопругата Елизабет Гутиерез по 18 години брак, но неколку минути подоцна ја избриша објавата. На изненадување на многумина, Вилијам откри дека тој и мајката на неговите деца, фаталната Елизабет, решиле да ја прекинат врската по 18 години заеднички живот и двете деца Кристофер и Кајли Леви.

Гласините за разводот на Леви и Гутиерез кружеа со години, но парот повторно се појави заедно, оставајќи ги настрана критиките.

Во последно време не се видени заедно, поради што неговата објава само ги подгреа гласините за разводот на најубавиот латино актерски пар.

Во пораката на Леви во која го потврдил раскинувањето и евентуалниот развод со сопругата, тој јасно стави до знаење дека и тој и Елизабет ќе го бараат најдобриот начин да бидат блиски со нивните деца, кои сепак, и понатаму им се приоритет на двајцата.

„Сакаме да ве известиме дека одлучивме откако добро размисливме, на нашиот однос да му ставиме крај. Но, ние и понтамау ќе продолжиме да останеме најдоброто семејство што постои и да бидеме најдобри родители на нашите деца. Тоа никогаш нема да се промени“, напишал Леви во својата објава која многу брзо ја избришал од социјалните мрежи.

Инаку, медиумите со години пишуваат дека еден од најпосакуваните мажи во светот и голема ѕвезда на мексиканските сапунски опери и далеку од камерите води турбулентен живот полн со прељуба и интриги.

Американскиот актер со кубанско потекло Вилијам Леви ја стекна титулата миленик на жените речиси веднаш откако за првпат се појави во светот на шоу-бизнисот, прво како модел, а потоа и како актер во теленовели. Ѕвездата на „Внимателно со анѓелот“ веќе неколкупати беше прогласуван за најсексапилен маж на светот, а сега освои уште една титула, титулата најголем прељубник.

Имено, како што пишуваа светските медиуми, Леви ја изневерил сопругата со 80 различни жени, а лани на површина исплива уште една негова афера.

Латино заводникот никогаш не криеше дека ѝ бил неверен на својата сопруга, а гласините за нивниот развод кружат откако с се венчаа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот