ФОТО | Ѝ велеле дека нема да успее поради витилиго: Ништо не ја спречило ги оствари своите соништа!

Фото: Profimedia

На неодамнешното доделување на Американските музички награди (АМА) многу ѕвезди привлекоа внимание, но една од нив особено го привлече вниманието на светската јавност.

27-годишната манекенка Вини Харлоу блесна на црвениот тепих во мини фустан прекриен со мониста и ситни скапоцени камења.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ♔Winnie Harlow♔ (@winnieharlow)

Оваа нималку обична Канаѓанка го привлече целото внимание и со својот пример докажа колку е убаво да се биде различен.

Освен по својата исклучителна убавина, Вини е модел препознатлива и по витилиго, состојба која предизвикува депигментација на делови од кожата, но тоа не ја спречува во нејзината работа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ♔Winnie Harlow♔ (@winnieharlow)

Иако многумина ѝ велеле дека нема да успее, тоа не ја спречило да ги оствари своите соништа.

Харлоу стана еден вид заштитно лице за луѓето со иста дијагноза, постојано работи на тоа околината подобро да ја прифати оваа кожна болест. Денеска зрачи со самодоверба, а токму поради својата необичност се смета за еден од најпрепознатливите модели на денешницата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ♔Winnie Harlow♔ (@winnieharlow)

Соработувала со некои од најголемите имиња во светот на модата како „Victoria’s Secret“, „Marc Jacobs“, „Moshcin“, „Desigual“, „Nike“, „Tommy Hilfiger“ и многу други, а ги красела и насловните страници на бројни светски познати списанија.

„Мојата состојба не влијаеше на мојата самодоверба толку многу колку луѓето околу мене. Секогаш велам дека треба да се фокусирам на моето мислење за себе, а не на мислењата на другите луѓе“, во една прилика изјави Вини, чија приказна првенствено ја објави новинарката Шенон Будрам.

 

Вини тогаш имаше само 16 години и тоа беше нејзино прво снимање.

„Ми се јави и ми рече дека треба да продолжам да се занимавам со манекенство, дека камерата ме сака и дека сум природна. Веруваше во мене“, вели манекенката.

Витилиго се манифестира кога меланоцитите, клетките одговорни за пигментацијата на кожата, умираат и стануваат нестабилни за функционирање.