Форум за владеење на правото во ЈИЕ, посветен на ефектот на пандемијата врз човековите права

Претставниците на Европскиот суд за човекови права, Советот на Европа и правосудните институции од седум држави на Југоисточна Европа, денеска и утре ќе учествуваат на Седмиот регионален форум за владеење на правото во ЈИЕ на тема „Ковид-19 и правата заштитени со Европската конвенција за човековите права”.

Форумот го организираат Програмата на AIRE Центарот за Западен Балкан и Civil Rights Defenders, а го поддржаа Владата на Обединетото Кралство, Владата на Кралството Шведска, Фондацијата „Конрад Аденауер” и Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.

На централната конференција, која ќе се одржи во регионот на Стразбур ќе присуствуваат Роберт Спано, претседател на Европскиот суд за човекови права, поранешни и актуелни судии на овој Суд, како и Дуња Мијатовиќ, комесарка за човекови права на Советот на Европа.

Во текот на петте сесии учесниците и учесничките ќе имаат прилика да разговараат за правата од Европската конвенција кои се засегнати со пандемијата и нивната заштита и за ситуацијата во Западниот Балкан.

-Пандемијата Ковид-19 претставува една од најголемите глобални кризи после Втората светска војна. Владите од целиот свет беа принудени да преземат мерки како би ја ограничиле опасноста по животот и здравјето на граѓаните. Меѓутоа, затворањето на судовите, училиштата, верските институции и угостителските објекти покрена прашања за правото на правично судење, правото на образование, слободата на вероисповеста и правото на мирно уживање на сопственоста, додека ограничувањата на движењето и собирањето ги попречија правото на слободно движење, слободата на изразување, слободата на здружување, како и правото на слободни избори, велат организаторите на Форумот.

Форумот од Стразбур може да се следи во живо, со обезбеден превод, после регистрација на следниов линк: http://bit.ly/3nKY2DJ

Истовремено, претседателите и судиите на врховните и уставните судови од седум држави на Југоисточна Европа ќе се соберат во националните работни центри во главните градови: Белград, Подгорица, Приштина, Сараево, Скопје, Тирана и Загреб. Тие заедно со омбудсманите (народните правобранители), застапниците (владините агенти) на државите пред Судот во Стразбур, претставниците на правосудните академии и центрите за обуки во правосудството, факултетите, невладините организации и правните експерти ќе учествуваат на овој настан со посредство на видео линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот