Формула 1: Седма победа во низа за Ферстапен, рекорд на „Ред Бул“

фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен е победник на новата трка во шампионатот на Формула 1 возена во неделата на патеката Хунгароринг во Унгарија.

Тоа беше седма победа во низа за холандскиот возач и со новите бодови го зацврсти и така убедливото водство во генералниот пласман. Моментно води со 218 бод, пред Серхио Перез со 171, а трет е Фернандо Алонсо со 139.

Ферстапен уште од почетокот на мај во САД ја започна победничката серија, единствено до сега не славеше во Саудиска Арабија и Азербејџан на чии трки беше второпласиран, а трката во Италија не се одржа поради поплавите.

Севкупно ова е 44 победа во кариерата на Ферстапен, а неговиот „Ред Бул“ го запиша 12 триумф во низа со што е поставен нов рекорд по бројот на победи по ред на еден тим. Претходниот рекорд беше на патеката од 1988 година кога Ајртон Сена и Алан Прост имаа 11 победи во низа.

На второто место се најде Ландо Норис од „Мекларен“, а на третата позиција вториот возач на „Ред Бул“, Серхио Перез. Луис Хамилтон кој ја имаше пол позицијата на крајот заврши како четвртопласиран.

Следниот викенд ќе се вози трката за Големата награда на Белгија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот