„Форбс“ ги преброи милијардерите: Првиот без своја волја ја внесе жена му на листата, креатор на видео-игра сега е побогат од Трамп

Фото: Профимедиа

Магазинот „Форбс“ ја објави својата 38. годишна листа на 400 најбогати Американци, кои имаат рекордна комбинирана нето вредност од 2,96 трилиони долари, објави „Курир.рс“.

Дури 221 американски милијардери оваа година не се пробија на оваа листа, за која се потребни 2,1 милијарди долари. Конкретно, 66,6 отсто од оние кои се на листата се милијардери кои сами го заработиле своето богатство, а 63,5 отсто се основачи на своите компании.

Џеф Безос, извршниот директор и основач на компанијата „Амазон“, тежок 114 милијарди американски долари, останува на првото место, и покрај тоа што неговата нето вредност се намали за 46 милијарди долари во однос на минатата година. Во најскапиот развод во историјата, Безос на својата поранешна сопруга Мекензи и префрли една четвртина од акциите на својата компанија. Со тоа, таа оваа година дебитираше на листата „400“ на „Форбс“, со нето вредност од 36,1 милијарди долари, што ја прави трета најбогата жена во САД.

Рејтингот на Доналд Трамп падна од 259. место во 2018 година на 275. место, но неговата нето вредност остана иста како и минатата година, кога изнесуваше 3,1 милијарди долари. Оваа година се забележани 22 излегувања од листата, а 19 нови милијардери се најдоа во рангирањето.

Нови се: Јулија Кох, 13. место, со нето вредност од 41 милијарда долари, потоа Мекензи Безос, 15. место со нето вредност од 36,1 милијарди, па Тим Свини, чија компанија ја создаде мегапопуларната компјутерска игра „Фортнајт“ е на 150. место со нето вредност од 4,5 милијарди долари, и Орландо Браво, 287 со три милиони долари, кој е првиот милијардер роден во Порторико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот