Фондот денеска конечно ја исплати капитацијата на матичните лекари за јануари

Лекар/ Фото: МИА

По објавата на „Слободен печат“ дека триесетина приватни ординации немаат добиено капитација од декември минатата година, Фондот за здравствено осигурување информираше дека денеска им се уплатени средствата за јануари на сите матични ординации.

-На сите ПЗУ кои поради технички причини ја немаа добиено капитацијата за месец јануари 2022 година, денеска им се уплатени средствата, а утре (четврток) ќе ги имаат на сметка. Дополнително, капитацијата за февруари ќе им биде пуштена утре, а на нивните сметки ќе ја имаат во петок. Потенцираме дека не станува збор за никаква казна, туку како што наведовме погоре се работи за технички проблем. ФЗОРСМ нема никакви финансиски проблеми, велат од Фондот.

Претходно претседателката на матични  лекари Лилија Чолакова како можна причина за неисплаќањето на капитацијата ја наведе казната поради надминат број  на издадени рецепти  за антибиотици.

Триесет ординации немаат добиено капитација од декември лани

Видео на денот