Фон дер Лајен: Унгарија мора да го укине анти-ЛГБТИ законот

Урсула Фон дер Лајен/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен повторно ја предупреди Унгарија дека мора да го укине контроверзниот анти-ЛГБИ закон или ќе се соочи со законите на ЕУ.

Законот на Орбан беше остро критикуван во последниов месец од страна на Европската Унија. Холандскиот премиер Марк Руте му порача на Орбан доколку не ги почитува европските вредности, Унгарија слободно може да ја напушти Унијата.

„Хомосексуалноста е изедначена со порнографијата. Овој закон користи дискриминација на децата поврзана со нивната сексуална ориентација. Тоа е срамота!“ изјави фон дер Лејен на Европскиот парламент во Стразбург.

Фон дер Лејен не навлезе во детали околу можните закони со кои би се соочила Унгарија доколку не го укине законот. Најверојатно ваквите чекори би можеле да дојдат до носење на одлука од страна на Европскиот суд на правдата и замрзнување на средствата на Унијата во Будимпешта, соопштија европратениците.

Унгарија забранува ЛГБТ содржини во училиштата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот