Фон дер Лајен: Барем четвртина од буџетот на ЕУ да биде за Зелениот договор

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Доколку ЕУ сака да напредува во следната декада ќе мора да инвестира во иновациите, истражувањата и новите приоритети. Затоа модернизацијата на буџетот ќе биде мојата цел во овие преговори, рече Фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вели дека се залага за модерен буџет на ЕУ што ќе се темели на приоритетите, како што се Залениот договор и дигитализацијата.

-Доколку ЕУ сака да напредува во следната декада ќе мора да инвестира во иновациите, истражувањата и новите приоритети. Затоа модернизацијата на буџетот ќе биде мојата цел во овие преговори, рече Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК доаѓајќи на самитот на лидерите на ЕУ посветен на новиот седумгодишен буџет на Унијата оцени дека преговорите ќе бидат долги и тешки.

Таа го поздрави предлогот на Европскиот совет, што акцентот го става на европскиот Зелен договор, што се однесува на сеопфатаната европска транзиција коај за цел го има зачувувањето на животната средина и климата и таканаречената дигитална револуција, што се и приоритетите на ЕК.

-За нас е важно да барем 25 отсто од буџетот бидат насочени кон проекти што се во рамките на европскиот Зелен договор, изјави Фон дер Лајен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот