Фото: ФК Работнички

ФК Работнички ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната

Фудбалерите на Работнички ги почнаа тренинзите за вториот дел од натпреварувачката сезона 2025/26, под раководство на новиот шеф на стручниот штаб, Муарем Муарем.

Потсетување, Муарем дојде на клупата на „романтичарите“ откако спогодбено беше раскинат договорот со тренерот Ален Тупајиќ.

Главната цел на клубот сигурно ќе биде да обезбеди опстанок во Првата македонска лига каде по 16 одиграни кола моментно е на претпоследната 11 позиција со седум бодови.

ФК Работнички претходно ја извести јавноста дека се раздели пет играчи: Васко Василев, Амир Велиќ, Калани Алмеида, Демир Имери и Џелил Асани.

Следниот меч во првенството тимот на Муарем ќе го има на 7 февруари на гостински терен против битолски Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот