Фјури спаси човек кој сакал да се самоубие! (ВИДЕО)

Тајсон Фјури (31), кој е успешен професионален боксер во тешка категорија, се сретнал со еден човек кој се обидувал да изврши самоубиство.

– Ми се случи еден чуден инцидент. Човек дојде до мојот дом и ми кажа дека сакал да изврши самоубиство, но прво сакаше да зборува со мене, пред да го направи тоа. Јас го спречив и го натерав да трчаме скоро пет километри.

– Кога завршивме, тој беше толку среќен, како Лери (една популарна мачка во околината) и мојот план успеа – рече Фјури.

Потоа, им порача на луѓето кои имаат проблеми со цел да не си го одземаат својот живот.

– Ви ветувам, ќе биде подобро. Секогаш има помош, повикајте лекар и вратете се на она што сте биле порано. Не е готово, не завршило тогаш, ниту сега. Не се предавајте, борете се. Како што направив во 12. рунда против Вајлдер, продолжете, без оглед колку често паѓате – додаде боксерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот