Фото: Принтскрин

Фирма на новиот струмички градоначалник добила 20.000 евра неповратна државна помош од Владата

Новиот градоначалник на Струмица, Петар Јанков, во анкетниот лист за имотната состојба доставен до Државната комисија за спречување корупција во графата „интереси“ ја впишал фирмата „Икарус“, која има добиено државна неповратна помош од повеќе од 20.000 евра во изминатиот период, објави „Фактор“.

Претпријатие за градежни алати и опрема, според базата на „Отворени финансии“, пишува порталот, добило државна помош од Владата за покажан интерес за инвестирање во висина од 628.887 денари на 31 декември 2024 година. По десетина дена на „Икарус“ му е исплатена истата сума под иста шифра.

Фирмата е основана во 2005 година и добивала и помали јавни набавки, а во имотниот картон градоначалникот Јанков пријавил неколку градежни парцели во Струмица стекнати преку купопродажба и подарок, како и стан од 53 метри квадратни со гаража во Охрид вредни 85.000 евра, плус месечен приход од 2.000 евра од издавање деловен простор.

Јанков од 2007 до 2018 година работел како виш цариник, по што преминал во приватниот сектор, а на локалните избори во првиот круг ја освои победата над Марјан Даскаловски од СДСМ, станувајќи првиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ што победил во Струмица по 20 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот