Финскиот претседател тврди дека единствениот начин да се постигне мир во Украина е преку борба

Александар Стуб / Фото EPA-EFE/ARMANDO BABANI

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека воената акција е единствениот начин за постигнување мир во Украина и оти нема услови за преговори со Русија.

– Во конкретниот случај, единствениот начин да се постигне мир е борба, рече Стуб во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој истакна дека постигнувањето мир е двонасочен процес. Според него, неопходно е двете страни „да ги вкрстат патиштата во некоја фаза, кога ќе се создадат услови“. Стуб изјави дека не знае кога ќе се појават неопходните услови за тоа.

– Во моментов немаме никаков политички дијалог со Русија. И мислам дека не можеме ниту треба да го водиме, заклучи финскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот