Финскиот министер за одбрана го поздрави воспоставувањето на копнени сили на НАТО на северот од земјата
Финскиот министер за одбрана, Анти Хаканен, изрази задоволство од плановите шест членки на НАТО, вклучувајќи ги Велика Британија и Франција, да учествуваат во формирањето на копнени сили на северот од Финска.
Препорачано
Финска, која има најдолга граница со Русија од сите земји-членки на НАТО, ги зајакна безбедносните мерки во последните две години откако се приклучи на воениот сојуз во 2022 година поради конфликтот во Украина, пишува Ројтерс денес.
„Многу сум задоволен што вчера, за време на министерскиот состанок, можевме да објавиме дека Шведска, Велика Британија, Франција, Норвешка, Данска и Исланд ќе се приклучат на FLF Финска“, објави Хаканен на платформата X, осврнувајќи се на таканаречените Напредни копнени сили на НАТО.
Хелсинки и Стокхолм минатата година се согласија дека Шведска ќе го предводи воспоставувањето на копнени сили на НАТО во Финска и ги поканија другите сојузници да учествуваат

EPA-EFE/TOMS KALNINS
. Бројот на војници сè уште не е прецизиран, но финското Министерство за одбрана објави дека постои план за распоредување на околу 5.000 војници, како и значителни количини опрема, доколку безбедносната ситуација се влоши.
Првите копнени сили на НАТО треба да пристигнат оваа година и ќе бидат распоредени над Арктичкиот круг, во Рованиеми и Соданки. Покрај странските засилувања на север, Финска ќе биде домаќин на нов штаб на копнените сили на НАТО во Микели, во јужниот дел од земјата, на околу два часа возење од финско-руската граница.


