Марко Бислимовски - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Марко Бислимоски - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Марко Бислимоски

Финансиската полиција поднесе кривична пријава до Обвинителството во Скопје против Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), под сомнение дека ја злоупотребил службената функција.

Според Финансиската полиција, Бислимоски не постапил како што налага законот ѝ не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол Петрол“ од Скопје, иако таа не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива.

Наместо лиценцата да биде одземена во јануари 2024 година, постапката била прекината со незаконско решение, а лиценцата ѝ била одземена дури во април 2025 година.

– Пријавениот М.Б. во својство на Претседател на РКЕ, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци иако бил должен да отпочне постапка за одземање на лиценца за вршење на енергетска дејност, трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт-трговија на големо со еуродизел БС (Д-Е V), биодизел, еуросупер БС 95, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и течен нафтен гас (ТНГ) на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, поради неисполнување на законски пропишаните услови, донел незаконско Решение за прекин на постапката и наместо лиценцата да биде одземена на 15.01.2024 година, истата е одземена дури на 14.04.2025 година – се вели во соопштението.

Поради тоа, компанијата продолжила да работи уште околу 15 месеци, да учествува во јавни набавки и да склучува договори, иако за тоа немала законска основа, тврдат од Финансиската полиција додавајќи дека во тој период „Тритерол Петрол“ остварила промет од над 3,15 милиони евра, а противправната корист се проценува на повеќе од 227 илјади евра.

„Тритерол Петрол“ е компанија во сопственост на Љупчо Пецов-Ѓаволот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот