Покана за настанот

Филмска вечер со проекција на француско-шпанскиот филм „Ѕверови“ ќе се одржи во „Милениум“

Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Франција и Амбасадата на Шпанија во Северна Македонија, со поддршка на генералниот покровител „Зегин“ и на винаријата „Тиквеш“, ја организираат трета гала филмска вечер со проекција на француско-шпанскиот филм „Ѕверови“.

Филмот ќе биде премиерно прикажан на 3 ноември, во 20 часот, во кино „Милениум“. Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, Амбасадор на Шпанија во РС Македонија.

Филмот е дело на режисерот Родриго Сорогојен, а во главните улоги играат Изабел Пења и Родриго Сорогојен. Добитник е на француската награда „Цезар“ за најдобар странски филм во 2023 година.

Француските медиуми за филмот напишаа: „Моќно филмско остварување за стравот и омразата кон другиот, низ кое се истакнува талентот на Родриго Сорогојен.“ (Les Echos); „Ако треба да се одлучиме за највпечатливиот меѓу долгометражните филмови прикажани годинава на Канскиот фестивал, несомнено е овој филм.“ (L’OBS).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот