Филмска ревија: Германски филмови под отворено небо

Новото издание на веќе традиционалната ревија „Недела на новиот германски филм“ оваа година се одвива со мото „Под отворено небо“. Современи германски филмови можеа да се гледаат во Струга (24-26 август), во Прилеп (3-4 септември) и во летното кино на Кинотеката (1-7 септември) во Скопје. На програмата се филмови од режисерите Кристијан Петцол, Мајкл Хербиг, Мајк Ротемунд, Аксел Раниш, Лео Касин и Бора Дагтекин.

Сите проекции на „Недела на новиот германски филм“ се одржуваат со целосно почитување на препораките за заштита од ковид-19. Годинашното издание на ревијата го реализира Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“ во соработка со Кинотека на Северна Македонија, „Дрим шорт“ од Струга и Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп со поддршка на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 47, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот