Филипче: Утре пристигнуваат респираторите од ЕУ

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека утре пристигнуваат респираторите кои се донација од Европската Унија за земјава, посочувајќи дека респираторите кои се нарачка од Министерството за здравство ќе пристигнат во периодот што следи.

– Ние успеавме со овој добар менаџмент и сега да имаме апсолутно доволен број аспиратори, но сакам да се подготвуваме за секави сценарија, рече министерот за здравство вечерва во интервјуто на ТВ24.

Тој упати благодарност до Унијата и евроамбасадорот Самуел Жбогар, поради поддршката за здравствениот систем на Северна Македонија од четири милиони евра за справување со состојбата предизвикана од пандемијата од Ковид-19.

– Не се истражени сите аспекти на вирусот. Сега се активни многу истражувања во однос на начин на пренос, дали и колку форми на мутација има вирусот, колку подформи има, кои се начините на лекување кои се ефикасните лекови. Значи ова е нов вирус што се појави на почетокот на оваа година и нормално е во оваа фаза да не се знае се и затоа се сите овие мерки на исклучителен степен на внимателност, нагласи министерот.

Тој во однос на тоа дали сите новодијагностицирани се од оние лица кои се во самоизолација, наведе дека најголемиот број од сите дијагностицирани досега се од луѓето кои се во самоизолација, кај кои има идентификуван контакт и коишто во меѓувреме развиле симптоми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот