Филипче потпиша Меморандум за соработка со Националното здружение за мултиплекс склероза

Министерот за здравство Венко Филипче и претседателката на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза Ана Карајанова – Димитрушева денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел обезбедување соодветна здравствена заштита на пациентите со мултипла склероза (МС).

Соработката е во насока на вложување на напори за обезбедување дијагностика и достапност на третман кои би ја спречиле прогресијата на болеста, а кои се во согласност со водичите и протоколите на Република Северна Македонија, како и директни заложби и придонес во областа на здравството кој би резултирал пациентите со МС непречено да се интегрираат во општествениот живот и да се остварат како рамноправни, образовани, работоспособни и семејни граѓани.

Филипче во своето обраќање потенцираше дека Министерството за здравство посветено работи на унапредување на грижата за пациентите со мултипла склероза.

Прочитајте и...  Штипското Инфективно одделение преполно со пациенти, стапува на сила планот Б

– Оваа година повеќекратно го зголемивме бројот на пациенти кои се на третман со иновативната терапија Ocrelizumab, и тоа од 9 пациенти кои минатата година беа на третман со оваа терапија, сега истата ја примаат вкупно 43 пациенти со оваа дијагноза. Особено е важно што со примањето на иновативните лекови може да се контролира прогресијата на болеста. Исто така, од оваа година Универзитетската клиника за неврологија добива поголем условен буџет од Фондот, наменет токму за лекови за мултипла склероза. За првпат во јавното здравство обезбедена е и посебна просторија каде овие пациенти со соодветен медицински надзор ја примаат инфузионата терапија. Нашите заложби за подобро здравје за сите пациенти продолжуваат и во иднина, изјави министерот Филипче.

Прочитајте и...  Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза денеска премиерно го прикажа првиот краткометражен филм за мултипла склероза насловен „Роденденски подарок”, кој претставува прв успешно реализиран проект на Националното здружение за МС и Факултетот за драмски уметности во Скопје. Во филмот вешто е отсликана реалноста и здравствените и социјалните предизвици со кои се соочуваат лицата со МС.

Филипче упати честитки за сработеното до Факултетот за драмски уметности во Скопје, како и до Националното здружение за мултипла склероза, кој е постојан партнер во грижата за оваа категорија пациенти.

Мултипла склероза (МС) е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица. Тоа е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана, воспалителна и дегенеративна болест на централниот нервен систем.

Прочитајте и...  Регистрирани 470 прекршоци за неносење маска

Прочитај повеќе

Силјановска говори за сексот и привлечноста на мангупите (ВИДЕО)

Слободен печат

Новинарка на Си Ен Ен ограбена во јавување во живо: Додека известуваше за водостојот, крадец ѝ извлече нож (ВИДЕО)

Слободен печат

Општина Дебар: Последиците од Ковид-19 ќе се зголемуваат со застрашувачки тренд

Слободен печат

„Ер Франс” укинува 7.500 работни места

Слободен печат

Пакистанскиот министер за надворешни работи позитивен на коронавирус

Слободен печат

Биле во брак 53 години, а потоа и двајцата починале од коронавирус, држејќи се за раце (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Мицкоски: Уверен сум дека народот ќе му го заврти грбот на Зоран Заев (ВИДЕО)

Слободен печат

Отворање на нов независен Театар „Златен елец“ во Скопје

Слободен печат

Поранешен директор на АИ за Турција осуден на шест години затвор поради тероризам

Слободен печат

Силјановска: На 15 јули мора да се стави крај на катастрофалното владеење на СДСМ

Слободен печат

Мицкоски: Луѓето се незадоволни од живејачката, луѓето сакаат промени

Слободен печат

Заев: Николовски бандит невиден, само Милошоски е поголем бандит од него (ВИДЕО)

Слободен печат