Филипче: Нова опрема за пет болници ширум земјава, се очекуваат и нови вработувања

Во скоро време се очекува започнување на постапката за набавка на нова опрема за пет болници низ државата, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој ја посети Клиничката болница во Тетово.

Според него, уште на почетокот на 2020 година болниците ќе може таа опрема да ја користат.

– За опремување на Ургентниот центар во Тетово, како и болниците во Струмица, Штип и болницата „Свети Еразмо” во Охрид сме имале разговори со премиерот Заев и има финансиска поддршка за купување нова опрема. Постапката ќе ја започнеме, а на почеток на следната година ќе биде инсталирана и на располагање – најави Филипче.

Тој истакна дека се работи на тоа што поскоро да профункционира новиот систем за патронажи посети во оддалечените рурални места.

Прочитајте и...  Зибери: Ќе обезбедиме социјална пензија за секоја жена која не го остварила правото на работна пензија

– Дефицитот со кој се соочени рурални далечни места ќе се надминува со имплементирање на мерката за патронажни сервиси. Млади лекари со лиценца ќе бидат дел од здравствените домови како патронажни сервиси и вакцинални пунтови и по принцип на ротации ќе даваат услуги во оддалечените места. Со истиот систем на ротација и ќе фунционираат и мобилни аптеки, сега кога со ослободување од квотите нема да има проблем за испорака на лекови- рече Филипче.

Посочи дека лекари кои сакаат да преминат од приватниот сектор во јавните здравствени установи тоа ќе можат да го направат согласно трендот на одобрување на согласностите за вработување во јавното здравството, каде во изминатите две години се бележат вкупно 5.000 нови вработувања, и додаде дека секоја установа за најмалку 10 отсто го зголемила својот кадровски капацитет.

Прочитајте и...  Флојд рекол „Не можам да дишам“ повеќе од 20 пати, полицаецот му одговорил „за да зборуваш потребно ти е многу кислород"

Прочитај повеќе

Грчките демонстранти ја нападнаа полицијата, во тензична атмосфера донесен законот за јавни собири (ВИДЕО)

МИА Агенција

Мајка херој: Пред да загине во пожар – го фрли од тераса тригодишниот син, го фати маринец и го спаси (ВИДЕО)

Слободен печат

Седум судански министри поднесоа оставка

Слободен печат

Дел од Карпош утре без вода

Слободен печат

Шекеринска: Ние не плаќавме за стиропори кои глумат мермер, напротив решивме парите да заминат во малите бизниси

Слободен печат

Моќно торнадо ја погоди Минесота, настрада маж кој работел во гаража (ВИДЕО)

Марина Дамческа

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Врховниот суд на САД донесе важна одлука против Трамп поради која тој збесна

Слободен печат

Кучиња откриваат коронавирус во Обединетите Арапски Емирати

Слободен печат

СЗО ја поддржа теоријата за пренос на коронавирусот преку аеросоли, дадоа нови насоки

Слободен печат

Брнабиќ: Со мирни протести го покажуваме демократскиот капацитет

Слободен печат

Митрески: Нашиот план е до 2024 година да отвориме околу 80 отсто од поглавјата со ЕУ

Слободен печат

Мицкоски: Ние се бориме против оние кои го хушкаат народот за да си делат тендери, да возат „мајбах“

Слободен печат