ФИФА би можела да исфрли една репрезентација од Светското првенство

Еквадор би можел да остане без учество на Мундијалот 2022/Фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Конечниот список на учесници на Мундијалот во Катар сè уште не е познат, бидејќи се чекаат последните три селекции, една од европските и две од интерконтиненталните квалификации, но и пред тоа можно е да биде пречкртано едно име.

Станува збор за репрезентацијата на Еквадор, имено Фудбалската федерација Чиле побара од светската фудбалска куќа (ФИФА) да се испита настапот на Бајрон Кастиљо за колумбиската репрезентаци, тврди дека десниот бек не е роден во Еквадор туку во Колумбија, пренесува „Ројтерс“.

Дополнително, според Чилеанците играчот на Барселона од Гвајакил не е роден во 1998 година, како што официјално стои во неговите весници, туку три години порано.

– Според достапните информации и документи, сметаме дека изнесените факти се многу сериозни и дека ФИФА мора внимателно да ги истражи. Истрагата во Еквадор откри неправилности во изводот од матичната книга на родените на играчот, а Националната управа за граѓански регистар соопшти дека документот не постои во нивната архива и укажа на други слабости во документот, што укажува дека станува збор за фалсификат – стои во соопштението на Фудбалската федерација на Чиле.

Кастиљо досега има осум настапи за репрезентацијата на Еквадор, селекција која на крајот заврши на четвртото место во квалификациите во јужноамериканската зона. Чиле со жрепка на СП се најде во групата „А“ со домаќинот со Катар, Сенегал и Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот