фото: ffm.mk

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Сејдини

Управниот одбор на Фудбалска федерација на Македонија одлучи да покрене дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини.

Пријавата се однесува на авансна исплата од 700.000 евра за изградбата на трибината на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, извршена спротивно на одлуката на УО, без банкарска гаранција и надвор од надлежностите.

Дисциплинската комисија ќе ги разгледа наводите и доказите и ќе донесе одлука согласно правилата на федерацијата.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот