ФФМ: Едноминутно молчење во знак на загинатите во земјотресот кој ги погоди Турција и Сирија

ффм
фото: ffm.mk

Претстојниот викенд ќе стартува пролетниот дел од сезоната во Првата и Втората македонска фудбалска лига.

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи натпреварите од 19 коло во Прва МФЛ и 16 коло од Втора МФЛ да започнат со едноминутно молчење во знак на трагично загинатите во земјотресот кој минатиот понеделник ги погоди Турција и Сирија.

Прва МФЛ 2022/23

19 коло, двојки –

19 февруари (недела, 14.00 часот)
Брегалница – Скопје
Победа – Работнички
Шкупи – Шкендија
Македонија ЃП – Академија Пандев
Тиквеш – Струга Трим Лум

Втора МФЛ 2022/23

16 коло, двојки –

18 февруари (сабота, 14.00 часот)
Пелистер – Кожуф
Вардар – Арсими
Тетекс – Охрид
Беласица – Детонит Плачковица
Слога 1934 – Борец 1919
Воска Спорт – Караорман 2017
Гостивар – Пехчево
Беса 1976 – Каменица Саса

ФК Шкупи ќе игра со црни дресови во знак на почит кон жртвите од земјотресот во Турција и Сирија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот