Фестивал „Фолклорен мост” во Струга

Фолклорен мост

Со свечено дефиле низ струшките улици и настап на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци” синоќа се одржа 13. издание на фестивалот „Фолклорен мост”.

На манифестацијата учествуваа 13 фолклорни ансамбли и друштва од земјава и соседството.

-Преку песна и игра околу 500 учесници кои ги претставија фолклорните традициии и културните особености на своите земји, истакна организаторот, центарот за култура „Браќа Миладиновци”.

На сцената, покрај домаќинот, КУД „Илинден” одСтруга настапија и културно уметничките друштва „Бранко Радичевиќ” од Стара Пазова, Србија, „Везилка” од Прилеп, „Сијач” од Загреб, Хрватска, „Дримкол” од Вевчани, „Будуќност 1984 ” –Добановци, Србија, „Новаци” од Новаци, „Цариброд” од Димитровград, Србија, „Илинден” од Демир Хисар и фолклорните ансамбли „Ѕуница” од Скопје, „Неврокоп” од Бугарија „Гоце Делчев” од Битола и „Стив Наумов” од Логоврди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот