Фернандо Алонсо се враќа во тимот на Рено!?

фото: твитер

Шпанецот од Овиедо би можел да му биде нов тимски колега на Окон од 2021 година…

Германскиот „Билд“ информира дека Фернандо Алонсо би можел да се врати на местото каде што имаше најмногу успеси во својата Формула 1 кариера.

Откако Даниел Рикиардо ќе го напушти Рено на крајот од годината и се пресели во Мекларен, каде што ќе го замени Саинс, уште не е познато кој од 2021 ќе биде новиот тимски колега на Естебан Окон.

Карлос Саинс и официјално е наследникот на Фетел во Ферари

Се шпекулира името на Фернандо Алонсо кој веќе неколку пати ја најавува можноста за враќање во Ф1 шампионатот.

Успеа да освои две титули со Рено во 2005 и 2006 година, францускиот тим покрај објавата за разделба со Рикиардо, вчера преку социјалната мрежа Твитер сподели и сеќавање од трката за ГН Франција во 2004 година каде што Шпанецот дојде до второто место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот