Ферари се договорил со Хамилтон за 400 милиони долари, но голем дел е за добротворни цели

EPA-EFE/RONALD WITTEK

Хамилтон прифатил да премине во Ферари затоа што оваа фирма прифатила, покрај платата за возачот во Формула 1, да даде висока сума и за добротворните активности на Британецот

Се појавија извештаи кои сугерираат што Ферари ветил дека ќе направи за Луис Хамилтон откако тој се согласи да премине во овој Ф1-тим од Мерцедес.

Преселбата на Луис Хамилтон во Ферари можеби е мотивирана од подготвеноста на Џон Елкан, претседателот на Ферари, да инвестира во добротворните акции на Британецот.

Хамилтон го води проектот Мисија 44, добротворна фондација која ги поддржува заедниците и младите луѓе од посиромашни средини. Потенцијалното финансирање на Ферари би можело да надмине 400 милиони долари.

Наводно, на Хамилтон ќе му биде исплатена основна плата од 100 милони долари годишно, што е двојно повеќе од она што седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер заработувал во својот врв за Ферари.

Елкан наводно прифатил во потенцијалниот заеднички инвестициски фонд да придонесе со над 200 милиони американски долари за идните проекти на Хамилтон, како додаток на неговата плата, што ќе го направи неговиот вкупен договор со Ферари да тежи неверојатно над 400 милиони долари.

Хамилтон неодамна прифати да потпише договор со Ферари што почнува од 2025 година, трае до 2026 година со опција да се продолжи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот