ФЕНОМЕНАЛНО, КРАЛСКИ: Кинез направи биста со ликот на Ѓоковиќ! (ФОТО)

Џефри Гу, млад скулптор е голем обожавател на најдобриот светски тенисер и посакува Србинот да ги освои сите грен слема во 2020 година.

Луѓето ширум светот се во можност да ја покажат својата креативност преку ликовите на најпознатите личности.

Кинезот Џефри Гу, млад скулптор е голем обожавател на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и направи биста со неговиот лик.

Човекот од Пекинг на Инстаграм објави фотографија на која се наоѓа бистата на најдобриот светски тенисер и во описот го објасни своето дело.

фото: инстаграм

– Направив биста за мојот идол Новак Ѓоковиќ. Ја нареков „Крал“, напиша Гу во описот на фотографијата.

Веста за делото на младиот Кинез стигна и до Ѓоковиќ кој остави коментар:

– Феноменално! Ти благодарам Џефри – напиша Ѓоковиќ.

Среќниот Гу веднаш одговори:

– Не можам да им верувам на очите. Мојот сон стана јаве. Никогаш не верував дека ќе ја видите бистата. За мене беше чест да ја направам. Се надевам дека ќе ги освоите сите грен слемови оваа година. Сакам среќата да биде секогаш со вас и вашето семејство – одговори Гу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот