Ѓоковиќ изненади со изборот на најдобрите, меѓу нив и Кирјос, за Федерер ниту збор! (ВИДЕО)

За Ѓоковиќ, најдобар „бекхенд“ има Давид Гофан, а за најдобри таленти ги одвои Феликс Оже-Алјасим и Денис Шаповалов за кои смета дек ги очекува голема иднина.

Првиот светски рекет гостуваше во емисијата на официјалниот Јутјуб канал „Дејвис куп“ каде му поставија задача од сите играчи на светот да направи совршен тенисер.

Новак Ѓоковиќ за Рафаел Надал рече дека е играч со најдобар „форхенд“ на светот. Кога го прашаа зошто, Србинот се насмеа и рече: „Едноставно, тоа е Надал“, но потоа веднаш објасни поопширно.

– „Форхендот“ на Надал е еден од најдобрите на сите времиња. Во неговиот „форхенд“ има премногу топспин, што значи многу тешко топче, а проблем за противникот е што „форхендот“ може да удри и со рамна положба на рекетот. Не му е проблем позицијата од која удира „форхенд“ и тоа е удар кој му прави притисок на ривалот, а исто така одлично се брани користејќи го тој удар.


За Ѓоковиќ, најдобар „бекхенд“ има Давид Гофан, а за најдобри таленти ги одвои Феликс Оже-Алјасим и Денис Шаповалов за кои смета дека ги очекува голема иднина.

За менталитетот повторно го спомна Надал кој секогаш го има тој боречки дух, а за физичката подготвеност на прво место го постави Гаел Монфис.

Иако во изминатиот период добиваше невкусни шеги од Австралиецот на социјалните мрежи, Ноле сепак го пофали Ник Кирјос дека има најдбар сервис, а за најдобар играч на мрежа, односно тенисер со најдобар волеј се одлучи за Николас Махут.

Кога го прашаа Ѓоковиќ кој на светот има најдобар „ритерн“ (поен после сервисот на противникот), се насмеа и одговори: „Можам да кажам јас?“.

Интересно е тоа што во ова видео, не го спомна ниту во една категорија Швајцарецот Рожер Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот