Фенербахче не се повлекува од лигата: Дури 30.000 навивачи ја чекаа одлуката на клубот на стадионот
Турскиот фудбалски гигант Фенербахче одлучи да не ја реализира заканата за напуштање на турската лига, која како опција ја најави претседателот на клубот Али Коч откако играчите беа нападнати по крајот на натпреварот во Трабзон на 16 март, кој Фенер го доби со 3:2.
Препорачано
Фудбалерите на Фенербахче беа нападнати од навивачите на домашната екипа, дел од нив дури и се претставија како обезбедување, а овој вторник истанбулскиот великан ја донесе конечната одлука.
– На сите одржани средби дојдовме до заклучок дека повлекувањето од Суперлигата е најмалку пожелна опција. Причината поради која таа опција не е добра е што би морале да се справуваме со истите проблеми во пониските лиги како и сега.
Опцијата за излез од турската Суперлига е надвор од дневен ред додека не се одржи Генералното собрание на клубот на крајот од сезоната – им порача Коч на навивачите на Фенербахче, кои на конгресот што се одржа на стадионот ги имаа над 30.000.
Фенербахче по 30 одиграни кола е на второто место на табелата со два бода помалку од водечкиот Галатасарај. Фенер ја брка јубилејната 20 шампионска титула на Турција, а последната ја освои пред точно 10 години, поточно во 2014.


