Федерика Могерини пуштена на слобода

Белгиската полиција ги ослободи од притвор поранешната висока дипломатка на ЕУ, Федерика Могерини, и поранешниот шеф на Европската служба за надворешна акција, Стефан Санин, откако ги испраша во рамките на истрага за измама, објави во среда наутро Европското јавно обвинителство, пренесува Нова.рс.

Могерини, ректорот на Колеџот на Европа, Санино и член на персоналот на Колеџот на Европа беа приведени во вторник како дел од истрагата за тоа дали јавниот тендер спроведен од Европската служба за надворешни активности (ЕЕАС) во 2021-22 година за избор на високообразовна институција која ќе биде домаќин на Европската дипломатска академија бил наместен во корист на Колеџот на Европа.

„Обвиненијата се однесуваат на злоупотреба и корупција во јавните набавки, судир на интереси и прекршување на професионална тајна. Тие беа ослободени бидејќи не се смета дека претставуваат ризик од бегство“, се вели во соопштението на обвинителството.

Обвиненијата сè уште не се докажани, а Могерини, Санино и третото приведено лице се сметаат за невини сè додека судот не ја докаже нивната вина.

Белгија: Полициска рација во канцеларијата на ЕУ во рамките на истрага за измама и корупција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот