Федерер: Се ближи крајот, ќе ми недостасува тенисот

twitter/#AusOpen

Швајварскиот тенисер изјави дека се уште не знае кога ќе замине во пензија, но признава дека размислува за повлекување.

Рожер Федерер на 8. август ќе наполни 39 години, но сезонава нема да игра тенис поради двете операции на коленото.

Крајот на кариерата се ближи и многу ќе ми недостасува тенисот. Нормално, полесно е веднаш да се објави крај, но не – и понатаму сакам да си дозволам да уживам во оваа игра – рече Федерер во интервјуто за „Цајт“.

Рожер Федерер моментно се наоѓа на четвртото место на АТП ранг листата, а годинава одигра шест меча на кои оствари пет победи пред да биде поразен од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот