Федерален судија од Флорида го одби барањето на Трамп да се отфрли случајот за доверливите документи

Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Федералниот судија на Флорида, Ајлин Кенон денеска го отфрли аргументот на Доналд Трамп дека треба да се отфрли случајот во кој поранешниот претседател на САД незаконски чувал доверливи документи, бидејќи тој ги сметал за негови лични досиеја.

Трамп тврдеше дека чувал високо доверливи документи на имотот на Флорида врз основа на американски закон кој им дозволува на поранешните претседатели да водат лични досиеја што не е поврзана со нивните официјални одговорности, објави Ројтерс.

Обвинителите во случајот што го покрена специјалниот советник Џек Смит изјавија дека документите се однесуваат на американската војска и разузнавањето, вклучително и детали за американската нуклеарна програма, и дека не може да се толкуваат како лични.

Трамп се изјасни за невин по 40 федерални обвиненија дека незаконски чувал чувствителни документи и ги попречувал напорите на американската влада да ги врати.

Трамп не бил овластен да чува тајни информации поврзани со националната безбедност на САД по напуштањето на Белата куќа, дури и ако ги сметал записите како лични, според обвинителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот