Федерацијата со 13.000 дополнителни билети за мароканските навивачи за полуфиналето на СП

Мароканските фудбалери против Франција имаат огромна поддршка од навивачите на СП 2022/фото: EPA-EFE/JALAL MORCHIDI

Мароканската фудбалска федерација одлучи денеска на навивачите бесплатно да им подели 13.000 дополнителни билети, кои организаторите на Светското првенство во Катар ги намениле за африканската селекција за полуфиналниот натпревар против Франција.

Натпреварот ќе се игра в среда од 20.00 часот на стадионот „Ал Бајт“ кој е оддалечен 35 километри од центарот на Доха.

Капацитетот на стадионот „Ал Бајт“ е 68.895 седишта, а се очекува Мароканците да имаат поддршка од околу 45.000 навивачи.

Првите луѓе на мароканскиот фудбал објавија дека 30 џамбо џетови ќе пристигнат во Катар од Казабланка.

А навивачите ќе можат да ги подигнат бесплатните билети во конзулатот на земјата во Доха.

ФОТО+ВИДЕО | Еуфорија: Илјадници навивачи го слават историското полуфинале на Мароко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот