ФАТЕН МОМЕНТ ОД УБИСТВО НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ОСТИН: Продолжуваат нередите ширум САД! (ВИДЕО)

Фото: Јутјуб принтскрин / Matthew Keys

Во градот Аурора во Колардо возач со џип влетал помеѓу демонстрантите. Еден демонстрант извлекол пиштол и пукал во него.

Еден маж е убиен за време на протести во Тексас, САД, кога во него пукал возач на автомобил на кој тој му се доближил, соопшти денеска тамошната полиција.

Пукањето се случило пред 22 часа за време на протестите во Остин, соопшти утринава за новинарите портпаролката на полицијата Катрина Ратлиф.

Мажот е одведен во болница, јкаде подоцна починал, а еден очевидец раскажал дека автомобилот се упатил кон демонстрантите.

Во еден момент кон автомобилот се доближил маж, кој, според тврдењата, носел пушка, а возачот  пукл во него и побегнал од местото на настанот.

Демонстрантите се собраа синоќа во Остин во рамките на протестот „Blackk lives matter“.

Исто така, до нереди дошшло и во другите американски градови, па такаво Сиетел полицијата почнала да растерува демонстранти кои ги нападнале со шишиња и други предмети.

Во градот Аурора во Колардо возач со џип влетал помеѓу демонстрантите. Еден демонстрант извлекол пиштол и пукал во него.

Насилни демонстрации шиурум САД синоќа се одиграа уште и во Луизвил, Портланд и Орегон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот