Љуљзим Фаризи во „Само вистина“ на Канал 5

Фаризи: Тотална чистка во правосудството и генерален реизбор на сите судии

Правосудството, енергетиката и здравството се клучни проблеми и ги тангираат сите граѓани, оставаме на времето да покаже каков исход ќе има, рече аналитичарот Љуљзим Фаризи вечерва во „Само вистина“ на „Канал 5“.

„Филипче прв ја фрли ракавицата, а премиерот ја прифати и останува да видиме како натаму ќе се одвиваат работите. Мислам дека најмногу проблеми ќе имаат големите политички партии во сферата на правосудството. Системот треба да биде поригорозен, јавните обвинители и судии што со години го злоупотребувале системот не треба да ги галиме, туку да ги разрешиме, јас сум за тотална чистка во правосудството и да има генерален реизбор на сите судии. Не може во случајот со модуларната болница и Ласкарци никој да не биде одговорен. Средбата меѓу Мицкоски и Филипче е голема храброст, од страна на Премиерот што подаде рака, особено што во минатото не се случувале такви средби и истите треба да бидат почести и да се прошират и во други сфери“, рече Фаризи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот