Фановите почнаа да „плукаат“: Бејл, можеш слободно да си одиш!

EPA-EFE

„Кралевите“ настапија без своите најдобри играчи кои стандардно добиваа редовна минутажа, меѓу нив на клупата беа Герет Бејл, Тони Крос, Тибо Куртоа, Иско настапи во вториот дел…

Во моментите кога неговиот клуб беше во негатива, Бејл едноставно не покажуваше никаков интерес за мечот, на моменти со своите соиграчи се насмевнуваше, а и доволно свесен дека одамна е загубена титулата во шпанското првенство во трката со најголемиот ривал Барселона.

Камерите го „уловија“, по што веднаш реагираа навивачите на Реал со свои коментари на социјалните мрежи, воглавно критики упатени на адреса на велшкиот интернационалец со желби за што побрза разделба.

EPA-EFE

– Конечно ќе го напуштиш клубот и ние сме среќни. Секогаш ќе ги паметиме твоите повреди повеќе од твоите голови. Патем, продолжи да се смееш додека твојот тим губи, тоа покажува каков тип на човек си ти. Ти си најлошото засилување што му се случило на тимот – беше еден од коментарите.

Бејл за шест години во дресот на Реал имаше 155 одиграни натпревари и 78 голови. Четири титули во Лигата на шампионите, по три во УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство, и по еден трофеј во Ла Лига, Копа дел Реј и шпанскиот Суперкуп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот