Бетис само ја потврди ужасната сезона на Реал Мадрид (ВИДЕО)

EPA-EFE

На „Сантјаго Бернабеу“ иако ја имаа фаворитската улога против Бетис, на крајот само се потврди мизерната сезона на Реал, а за многумина како една од причините за лошите резултати е заминувањето на Кристијано Роналдо.

Тимот на Сетјен дојде до трите бода благодарение на головите постигнати во второто полувреме, најпрвин стрелаше Лорен за водство во 61. минута, Гуардадо беше асистент.

Конечниот епилог го постави поранешниот член на Реал, Хесе, кој моментно е на позајмица од ПСЖ, ја затресе мрежата на Навас во 75. минута од средбата.

Играчите на Зидан ќе завршат како третопласирани на конечната табела, но секако загрижува учинокот од дури 12 порази, повеќе дури од послаборангираните Валенсија, Хетафе и Атлетик Билбао.

Францускиот стратег им даде шанси на играчите кои имаа помала минутажа сезонава, а стандардните како Бејл, Куртоа, Крос гледаа од клупата, кои и покрај негативата владееше позитивна атмосфера меѓу нив.

Да додадеме уште еден интересен податок, дека Бетис е единствениот оваа сезона во „Ла Лига“ кој успеал да слави триумф на „Камп Ноу“ и „Бернабеу“: Барселона-Бетис 3:4 и Реал Мадрид-Бетис 0:2.

Денеска сезоната во најсилното шпанско фудбалско првенство ќе заврши во Еибар каде што домаќинот од 16:15 часот ќе ги одмери силите против шампионот Барса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот