Фалсификувал ли документи пратеникот Милошоски?

Продолжува битката на Антонио Милошоски со СДСМ. Откако Милошоски од собраниската говорница објави дека меѓу пратениците од владејачкото мнозинство има и силувач на жени, СДСМ побара од пратникот да си поднесе оставка откако во медиумите беше обелоденето дека Милошоски бил осуден за две дела во Ахен, пред да стане министер за надворешни работи во владата на Никола Груевски.

Од СДСМ денеска побараа одговорност и оставка од Антонио Милошоски доколку се потврди дека бил осуден во Германија за фалсификување документи и го повикаа пратеникот да објасни за кави кривични дела станува збор. Портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска му порача на Милошоски Според дека треба јавно да се извини, да побара прошка од граѓаните и веднаш да поднесе оставка, особено што граѓаните знаат дека за него веќе има обвинение пред македонските судови.

-Какви кривични дела сторил во 2004 и 2005 година во Германија? Зошто ги криел податоците од граѓаните? Дали интензивното генерирање лажни вести е за да го прикрие сопствените криминали? Ако се потврдат овие информации, Антонио Милошоски треба јавно да се извини, да побара прошка од граѓаните и веднаш да поднесе оставка, рече Кузевска.

Од друга страна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Милошоски на својот фб профил напиша дека станува збор за дезинформации од власта и обид за дефокус од критиките од опозициската партија и дека со фабрикувањето на лажни вести за наводно поседување на бугарски пасоши, авиони, покренување на монтирни случаи , се обидува како опозициски пратеник да го замолчи.

-Пред пет години ми фабрикуваа поседување на бугарски пасош преку неговиот другар Чауш а потоа измисли и дека сум сопственик на авион кој го немам. Истата партија која нечовечки се обиде да ја фалсификува вистината за убиството кај Смилковското езеро, за смртта на Никола Младенов и малата Тамара денес со слични дезинформации се обидува да измисли фалсификување на исправа во Германија каде што сум стекнал две исправи и тоа една факултатска диплома и еден сертификат за странски јазик. Но, најверојатно нервозата и потребата за дефокус расте токму кај власта која во Собранието е поддржана и од слувач на жени од кого очекувам да си побараат оставка. Наместо лажни вести и обид да ја замолчат критиката од опозицијата, време е владата да си понесе одговорност за лажните ветувања кон граѓаните и за економијата која е жртва на хибридниот режим кој функционира во историски највисока корупција, напиша Милошоски на фб.

Повикувајќи се на документи, дел од медиумте објавуваат дека за делата кои Милошоски наводно ги сторил, добил парични казни, иако за истите Кривичниот законик во Германија предвидувал и повисока казна затвор.

Милошоски во вчерашната изјава за „А1он“ рече дека тој во периодот во 2004-2005 година престојувал како студент во Германија, но ги негира обвинувањата дека направил кривични дела. Тој повика информациите да се проверат во Амбасадата на Германија во земјава и во германското Министерство за внатрешни работи.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот