Граничен премин „Евзони“ / Фото: Profimedia

„Евзони“ затворен, граничниот премин „Ники“ блокиран за товарни возила и автобуси

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Според АМСМ, од 11 часот целосно е блокиран сообраќајот за влез и излез на граничниот премин Евзони. На граничниот премин Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран за товарни возила и автобуси, додека за другите возила се одвива нормално. На ГП Дојран сообраќајот тече непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат повремени задржувања при влез во државата.

Времето на чекање за излез од државата на ГП Дојран изнесува околу 30 минути, додека на граничниот премин Табановце за излез се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од одрони. Особена внимателност се советува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот