„Евзони“ пак е отворен: Сообраќајот тече нормално од 21 часот
Граничниот премин „Евзони“ (Богородица) од грчка страна повторно е пуштен за сообраќај, откако беше привремено затворен поради протестите на грчките земјоделци, соопшти АМСМ.
Препорачано
Блокадите во изминатите денови предизвикуваа повремени прекини и застои на овој премин, како дел од протестите против владините политики за земјоделството, при што движењето на возилата беше попречено од грчка страна.
Од 21 часот „Евзони“ повторно функционира без ограничувања и сообраќајот се одвива нормално.
ГП Евзони е повторно затворен за сообраќај: Влез во Грција само преку Дојран и Меџитлија
Во земјава, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а надвор од урбаните средини интензитетот на возење е умерен.
АМСМ апелира возачите да го приспособат начинот на возење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патните правци низ котлини, речни долини и клисури, каде постои ризик од одрони, како што се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Грчките земјоделци ја одбија поканата на Мицотакис за разговор и најавија засилување на протестите


