Евтино, ефикасно и лесно до убава кожа на лицето (РЕЦЕПТИ)

profimedia

Секoј ден се соочуваме со неправилностите на кожата. Црвенилото, мозолчинања, црнките или сувата кожа можат да се појават во рок од неколку часа, а потребни се неколку дена за проблемот да се повлече.

Можеби немате средства за козметички препарати, а и производите од аптеките содржат доста хемикалии кои можат повеќе да ви наштетат отколку да ви помогнат. Дејвид Бенк, дерматолог од Њујорк вели дека истражувањата покажале дека кожата можете да ја одржувате со природните производи кои ги имате дома.

Масна кожа

1. Маска од банана и мед

Згмечете една банана и додадете две лажици мед и неколку капки лимонов сок. Ставете ја смесата на лицето и држете ја 20 минути. Потоа маската отстранете ја со влажна крпа натопена во топла вода. Вака можете да ги решите акните.

2. Маска од тиква и мед

Една лажица варена тиква помешајте ја со половина лажица павлака и една лажица мед. Маската треба да стои 15 минути на лицето. Измијте ја со топла вода. Вака ќе спречите појава на неправилности.

Акни

1. Маска за лице од аспирин

Два аспирина изгмечете ги во мал сад и додадете малку вода колку само правот да се претвори во паста. Потоа додадете половина лажица мед и нанесете ја смесата на лицето. Маската треба да стои додека не се исуши на лицето и потоа измијте ја.

2. Маска од сливи

Направете пире од три сливи и помешајте ги со половина лажичка куркума, една лажичка мед и една лажичка јогурт. Смесата нежно втријте ја во кожата и оставете ја десет до петнаесет минути на лицето. Измијте со топла вода.

Сува кожа

1. Маска од алое вера и авокадо

Половина авокадо згмечете го и помешајте го со две лажици гел од алое вера, една лажица овесна каша и една лажица мед. Смесата нанесете ја на чисто лице и оставете за 15 минути. Измијте ја со топла вода.

2. Лонсион со мед

Во хидратантната крема која секојдневно ја користите, додадете неколку капки мед пред нанесувањето.

Црвенило

1. Маска од свежи краставици и овесна каша

Една шољичка сварена овесна каша помешајте ја со ситно исецкана краставица. Смесата на лицето треба да стои 20 минути и потоа отстранете ја со крпа натопена во топла вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот