Европските зелени ја поддржуваат интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Генералната секретарка на Европските зелени Мар Гарсија соопшти дека Советот на Европските зелени ќе го организираат во јуни во Скопје, заради две причини – прво, како што рече таа, сакаат да ја поддржат партијата ДОМ за развојот на зелената агенда, и второ затоа што сакаат да ја споделат нивната јасна заложба за процесот на проширување на ЕУ за Западен Балкан.

Перспективите на македонската евроинтеграција и процесот на пристапување на членство на нашата држава во ЕУ се теми на кои ќе се разговара денеска на трибината во организација на зелената партија ДОМ и Европските зелени.

– Европските зелени отсекогаш, со години наназад, се големи поддржувачи на процесот на пристапување на членство на нашата држава во ЕУ таа поддршка е во континуитет и продолжува и понатаму, тоа ќе биде тема на денешната трибина, изјави пред почетокот на трибината, лидерката на зелената партија ДОМ Маја Морачанин.

Генералната секретарка на Европските зелени Мар Гарсија соопшти дека Советот на Европските зелени ќе го организираат во јуни во Скопје, заради две причини – прво, како што рече таа, сакаат да ја поддржат партијата ДОМ за развојот на зелената агенда, и второ затоа што сакаат да ја споделат нивната јасна заложба за процесот на проширување на ЕУ за Западен Балкан.

Гарсија во однос на новата методологија на Европската комисија за пристапниот процес, рече дека ќе дадат поддршка, додавајќи оти позицијата на Европските зелени е почнат разговорите за пристапување на Северна Макеоднија и тој процес да се придвижува.

Во однос на Законот за управување со отпад што беше донесен вчера во Собранието, лидерката на ДОМ изјави дека тоа е еден од начините како да се намали аерозагадувањето што е голем проблем во земјава.

– Тоа е мерка што во овој период ни е непходна и затоа пристапивме кон измена на Законот затоа што ние се уште не успеавме да воспоставиме ефикасен систем за контрола на увозот на отпад, но исто така и контрола на согорувачките процеси во самите индустриски капацитети и затоа заедно со невладините побаравме и вчера на големо задоволство го однесовме Законот – рече Морачанин.

Додаде дека останува дозволен увозот на отпад што се користи како суровина, но доколку се злоупотребува, тоа ќе биде кршење на Законот и ќе претставува кривично дело.

– Тоа законот изрично го забранува сега така што доколку се прават манипулации тоа ќе биде кршење на Законот – истакна лидерката на ДОМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот