Протести во Грција, граѓаните бараат одговорност за трагедијата во Темпи/Фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Европскиот Парламент ќе дискутира за железничката несреќа кај Темпи

Дискусија за железничката несреќа кај Темпи пред две години во која загинаа 57 лица, на 19 јуни ќе се одржи во Европскиот Парламент во Стразбур, а ќе присуствува и надлежниот комесар за транспорт, соопштија од еврогрупата на СИРИЗА, коментирајќи дека „тактиките на десницата не донесоа резултат.

Дискусијата ќе се одржи по барањето од политичката група ЛЕФТ (Европската левица) поднесено на 5 февруари, кое како што велат од СИРИЗА, го доставувале на секој состанок „и покрај континуираните напори на ЕПП/Нова Демократија до последен момент да го блокираат“.

– За ЛЕФТ и СИРИЗА, дискусијата на највисоко политичко ниво со Европската Комисија има за цел да ги истакне повеќекратните политички и системски незаконитости и нерегуларности што доведоа до несреќата и да побара одговори за безбедноста на грчките железници повеќе од две години по несреќата. Одговорите што ги бараат роднините на жртвите, но и грчкото општество, а се однесуваат на секој европски граѓанин кој ја користи грчката железница, соопшти Еврогрупата на СИРИЗА.

Објаснија дека на состанокот на претседатели на Европскиот Парламент била финализирана програмата за јунската пленарна сесија и во неа е вклучена дискусијата со одговорниот комесар за транспорт за двегодишнината од несреќата кај Темпи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот